logo
logo
logo

УСПЕШНО ИЗВРШЕНА СЛОЖЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА

Vecer | 22.08.2025

УСПЕШНО ИЗВРШЕНА СЛОЖЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас.

Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин.

Операцијата беше во два акта – во вториот имаше пластична реконструкција која ја изведе тим предводен од д-р Томислав Јовановски. Првиот хируршки тим го предводеше проф. д-р Милан Самарџиски, со учество на спец. д-р Бојан Будиќ, д-р Теодора Тодорова и д-р Гоце Гулески. За анестезија беше одговорна проф. д-р Јасминка Нанчева, со анестетичар с. Јована Илиева.

Во операционата сала активно придонесоа инструментарките Ерзен Муртезани и Татјана Дукадиновска, болничарот Дардан Синани и рентген техничарот Силвана Станковска.

Со овој зафат се поставува нова референтна точка во домашната ортопедија и се потврдува капацитетот на македонските хируршки тимови за изведба на интервенции од највисок степен на сложеност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk