logo
logo
logo

БОГОЈЕСКИ ЌЕ ТУЖИ ПАРТИИ, ФИРМИ И НВО, правеле лажни профили на кои ширеле омраза во негово име

Vecer | 12.04.2025

БОГОЈЕСКИ ЌЕ ТУЖИ ПАРТИИ, ФИРМИ И НВО, правеле лажни профили на кои ширеле омраза во негово име

Претседателот на партијата Македонски концепт Петар Богојески соопшти дека ќе почне правна постапка пред надлежните институции против правни и физички лица, меѓу кои се и одредени политички партии, нивни функционери, невладини организации, самонаречени новинари и поединци поврзани со претходната власт на ДУИ и СДСМ.

Тој ги обвинува дека овие субјекти креирале серија лажни профили со неговиот идентитет, на сите социјални мрежи со намера да фабрикуваат ставови, статуси и коментари  во кои се шири говор на омраза и  омаловажување, кои не се негови.

„Нивното делување има за цел создавање на атмосфера на јавен линч и поттикнување закани, со што директно се загрозени мојот личен и физички интегритет, но за жал и на моето семејство. Дел од тие креирани лажни профили и материјали, закани за физичка ликвидација и сл. веќе се пријавени во Министерството за внатрешни работи и надлежните институции преземаат мерки согласно законските надлежности“, наведува Богојески во соопштението.

Богојески , како што соопшти, веќе јавно реагирал на серија лажни профили со негов идентитет.

ФОТО: приватна архива

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk