logo
logo
logo

Македонија и ОАЕ ќе соработуваат во економијата и во дипломатијата - МУЦУНСКИ ПОТПИША ДВА МЕМОРАНДУМИ СО КОЛЕГАТА ОД ЕМИРАТИТЕ

Vecer | 16.04.2025

Македонија и ОАЕ ќе соработуваат во економијата и во дипломатијата -  МУЦУНСКИ ПОТПИША ДВА МЕМОРАНДУМИ СО КОЛЕГАТА ОД ЕМИРАТИТЕ

Потребата од интензивирање на меѓусебниот политички дијалог, како и унапредувањето на економската и трговската соработка, биле посочени на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со вицепремиерот и министер за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.

На средбата, што се одржа во рамки на официјалната посета на премиерот Христијан Мицкоски на Обединетите Арапски Емирати, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, биле потврдени добрите билатерални односи и конструктивната соработка помеѓу двете земји, при што била истакната заемната заложба за нивно понатамошно продлабочување.

Во таа насока, министерот Муцунски, во име на Владата, потпишал два меморандуми за разбирање – за економска соработка и за соработка помеѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи.

На средбата била нагласена и важноста од интензивирање на контактите меѓу бизнис-заедниците и стопанските комори на двете земји, со цел поголема економска поврзаност и реализација на нови инвестиции. Покрај билатералните односи, соговорниците размениле мислења и за актуелните геополитички случувања во светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk