logo
logo
logo

МВР ДЕМАНТИРА: Јавниот обвинител Коцевски НЕ ЈА НАРУШИ ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА

Vecer | 16.04.2025

МВР ДЕМАНТИРА: Јавниот обвинител Коцевски НЕ ЈА НАРУШИ ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА

Одредените сомневања изнесени во медиумите, дека јавниот обвинител Љупчо Коцевски  со изјавите во телевизиско гостување за приведувањето на седуммина полициски службеници во Кочани, ја компромитирал акцијата, денеска  од МВР излегоа со деманти.

„МВР во целост ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. МВР при вчерашната акција постапуваше по насоки на јавното обвинителство“, се вели во демантито на МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk