logo
logo
logo

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

Vecer | 31.08.2025

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

Пограничната полиција од Корча му помогна на македонски параглајдерист кого го зафатило вчерашното големо невреме и го однело на албанска територија. Полицијата веднаш по дојавата реагирала брзо и професионално, го локализирала и спасила. Според соопштението на Дирекција за миграција и граница од Корча, настанот се случил вчера.

-По добиената информација од капетанијата во Свети Наум, Северна Македонија, дека параглајдерист полетал и како резултат на силни ветрови, го пренасочил својот лет и можел да падне во селото Аларуп, Поградец, службите на Локалната дирекција за граница и миграција од Корча веднаш се упатиле на дадената адреса, овозможиле негова локализација и воспоставиле контакт со спортистот В. П., кој бил во добра здравствена состојба, стои во полициското соопштение.

Според полицијата лицето В.П. било превезено до граничниот премин Тушемиште и влегло на македонска територија. Тој им се заблагодарил на полициските служби за брзата интервенција и покажаниот професионализам.

-Граничната полиција останува максимално ангажирана во служба на граѓаните, посетителите и туристите и ги поканува сите што имаат потреба да се јават на бесплатниот број 112, наведуваат од Дирекција за миграција и граница од Корча.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk