logo
logo
logo

„СИЛНА ВРЕДИ ОД ЛИПКОВО ДО СТРУГА“

Vecer | 03.05.2026

„СИЛНА ВРЕДИ ОД ЛИПКОВО ДО СТРУГА“

ВЛЕН ЕДНО. ВЛЕН доаѓа!, велат од коалицијата ВРЕДИ најавувајќи го конгресот на 9 мај на кој коалцијата официјално ќе стане партија.

„Иднината им припаѓа на оние што знаат да се обединат околу заедничките вредности. Тоа го докажува ВРЕДИ. На 9 мај, на Денот на Европа, ВРЕДИ го одржува Конгресот на обединувањето како зрел политички процес и од него ќе излезе како единствена сила, со едно име, насока и мисија.

Пет политички субјекти стануваат едно тело, сила која во својата суштина ги има владеењето на правото, нулта толеранција кон корупцијата, независно судство, европскиот пат, партнерството со НАТО и заштитата на семејството, традицијата, културата и идентитетот“, велат од ВРЕДИ.

На Конгресот на обединувањето, 850 делегати ќе ја запечатат оваа насока.

„Од соработка кон обединување, од координација кон заедничка сила, од ветување пред Албанците до политичка реалност.

Оние што се навикнати да опстојуваат од поделби, денес не се мирни. Пет партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ  нема да се обедини. Еве дојде денот кога обединувањето станува факт, а манипулацијата невозможна. Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга“, велат од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk