logo
logo
logo

ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ што избувна синоќа во Радовиш

Vecer | 25.05.2026

ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ што избувна синоќа во Радовиш

По повеќе од шест часови изгаснат е големиот пожар кој избувна синоќа во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“, каде изгореа магацин и машини, соопштија од ТППЕ Радовиш.

Според информацијата од радовишките пожарникари, при гаснењето неколку пожарникари вдишале чад и се здобиле со полесни изгореници, но сите кои учествувале во гаснењето се чувствуваат добро.

Пожарот го гаснеа пожарникари од ТППЕ Радовиш, а на помош биле повикани пожарникари од Струмица, како и доброволното против пожарно друштво од Конче.

Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат од страна на надлежните служби кои веќе се излезени на терен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk