Денеска, цената на дизелот е 85.5 денари (1,39 евра), на бензинот е 79.5. Имаме меѓу најниските цени во регионот и Европа, во време кога целиот свет е потресен од војната во Иран.
За споредба, кога СДС беше на власт, немаше војна на Блискиот Исток, но ДИЗЕЛОТ стигна до неевројатни 107.5 ДЕНАРИ (1,75 евра), А бензинот БС-95 БЕШЕ 110 денари (1,79 евра), БС-98 цели 112 денари (1,82 евра).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2022 година, изнесува 29. 839 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година, изнесува 43. 050 денари, сега е над 45.000 денари.
Минималната плата во 2022-та е 15.229 денари, во 2026-та изнесува 24.379,00 денари.
Рекордните цени на СДС се од 6 јуни 2022 година.
Погледнете ги цените денеска во другите држави во регионот:
Грција – 109.83 денари (1,78 евра).
Албанија – 111,06 – 121.55 денари (1,8- 1,97 евра).
Словенија – 94.4 денари (1.53 евра).
Косово – 94.55 денари (1,55 евра).
Хрватска – 106.12 денари (1,72 евра).
Србија – 106,74 денари (1,73 евра).
БиХ – 86.38 денари (1,4 евра).
Бугарија – 88,23 денари (1,43 евра).
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата