logo
logo
logo

РАЗОТКРИЕНА ШУМСКА МАФИЈА ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА Приведени директор, полицајци и бизнисмени

Vecer | 19.09.2025

РАЗОТКРИЕНА ШУМСКА МАФИЈА ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА Приведени директор, полицајци и бизнисмени

Синоќа започна и сè уште трае голема полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, насочена кон разбивање на организирана криминална група која со години се занимавала со нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, поткуп и други тешки кривични дела против животната средина.

Неофицијалните информации откриваат дека меѓу приведените се актуелен директор на ЈП „Македонски шуми“, началник во полицијата, повеќе полициски службеници, шумски полицајци, службено лице од подрачна единица на Министерството за земјоделие, како и сопственици на приватни компании. Тие се сомничат дека организирале систематска сеча и транспорт на дрвна маса, која преку коруптивни врски се продавала како легално исечена.

Според нашите извори, групата делувала како злосторничко здружение со јасна цел – личен профит на сметка на државата и природните ресурси. Иако пустошењето било очигледно, со години никој не се обидел да ја прекине нивната работа. Ова ја отвора дилемата дали на локално ниво постои доволна решителност за борба против ваквиот криминал и заштита на јавниот интерес.

Со акцијата, полицијата и Владата испраќаат силна порака дека корупцијата, уништувањето на природата и злоупотребата на функциите нема да бидат толерирани, без разлика кој стои зад нив. Институциите најавуваат дека ваквите решителни акции ќе продолжат, бидејќи шумите претставуваат национално богатство и наследство кое мора да се сочува за идните генерации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk