logo
logo
logo

ДЕХАРИ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПОЛИТИКАТА! После се кој ќе прати жена или ќерка да работио со него

Vecer | 16.10.2025

ДЕХАРИ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПОЛИТИКАТА! После се кој ќе прати жена или ќерка да работио со него

Ниту една „експертиза“ не може да го измие политичкиот срам во Кичево, соопшти денеска коалицијата Вреди и побара кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Фатмир Дехари да се повлече од изборната трка за градоначалник на Кичево.

„Скандалот што кружи по социјалните мрежи и медиумите, кој ја потресе јавноста во Кичево и пошироко, ја откри црната страна на политичката култура што две децении произведува срам наместо одговорност. Обидите ова да се прикаже како „уцена“ или да се релативизира со тврдења за „фабрикувани материјали“ не можат да ја сменат фактичката состојба, штетата врз јавниот морал и довербата на граѓаните веќе е направена. Јавноста нема потреба од експертизи за да разбере што е достојно, а што не е за еден јавен претставник“, соопшти Вреди.

Граѓаните на Кичево се доволно мудри да проценат сами и да го одбијат секој обид недостигот на достоинство да се прикрие со големи зборови, се додава во соопштението.

„Достоинството и јавниот морал не бараат експерти, туку луѓе со карактер. Во ваква ситуација, продолжувањето на кандидатурата не е веќе прашање на изборна трка, туку прашање на морал.

Во интерес на граѓаните и на изборниот процес, кандидатот на НАИ треба веднаш да се повлече. Кичево заслужува луѓе со достоинство, а не со скандали“, соопшти коалицијата Вреди.

Во јавноста завчера излегоа аудио снимки од кои се слуша како градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари сексуално ги малтретира вработените во Општината

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk