logo
logo
logo

СКОПЈЕ БАВНО СЕ БУДИ: Само 8% излезност до 11 часот

Vecer | 02.11.2025

СКОПЈЕ БАВНО СЕ БУДИ: Само 8% излезност до 11 часот

Карпош и Кисела Вода први на листата, Сарај и Чаир на последните места. Излезноста се очекува да порасне во попладневните часови.

Според најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК), излезноста во скопските општини до 11:00 часот останува под државниот просек и изнесува околу 8%.Највисока излезност досега е забележана во Карпош (11.9%), по што следат Кисела Вода (10.25%), Центар (10.24%) и Аеродром (9.36%).

Средна излезност бележат Ѓорче Петров (8.03%), Гази Баба (7.62%) и Бутел (7.34%), додека најниска излезност има во Чаир (2.67%) и Сарај (1.86%).

Во споредба со податоците од 09:00 часот, активноста на гласачите е зголемена, но темпото во главниот град останува поспоро од она во источните и југоисточните општини, кои традиционално бележат највисока излезност во првиот дел од изборниот ден.

Очекувањата се дека излезноста во Скопје ќе се зголеми во попладневните часови, кога поголем дел од гласачите завршуваат со обврските и се очекува поголема мобилизација во урбаните средини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk