logo
logo
logo

ПОРАДИ НЕМОЖНОСТА ЗА НАБАВКА НА МАЗУТ, Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 7 дена

Vecer | 23.12.2025

ПОРАДИ НЕМОЖНОСТА ЗА НАБАВКА НА МАЗУТ, Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 7 дена

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од седум дена од денот на влегување во сила на оваа одлука.

-Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии, се вели во соопштението на Владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk