Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши во име на законодавниот дом им го честита празникот Божиќ на католичките верници во државава.
– Божиќните празници носат пораки на мир, солидарност, човечност и меѓусебно почитување, вредности кои се темел на секое демократско и мултиетничко општество. Токму преку заемно разбирање, почитување на различностите и заедничка посветеност кон општото добро, ја градиме стабилноста и иднината на нашата држава. Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, семејна топлина и спокој, со надеж и оптимизам за годината што претстои. Среќен Божиќ, напиша Гаши во честитката.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата