logo
logo
logo

За продолжување на правото на студентска стипендија аплицирање од 1 до 30 октомври

Vecer | 30.09.2025

За продолжување на правото на студентска стипендија аплицирање од 1 до 30 октомври

Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, дека рокот за аплицирање почнува од утре, 1 октомври, и трае до 30 октомври 2025.

Корисникот на стипендија треба на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение со положени испити (кое го издава факултетот) и уверение за предвидени и положени испити (УППИ) образец со успех од претходните години (го пополнува и заверува факултетот) и индекс (од прв запишан семестар до последен заверен семестар) како доказ дека има положено 80%, односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех при студирањето, согласно договорот / решението за доделување на стипендијата, соопшти МОН.

За каква било информација или прашање во врска со правото на студентска стипендија студентите може да се обратат на електронската адреса: [email protected]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk