logo
logo
logo

МИЦКОСКИ СО КРАЛОТ ЧАРЛС III за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата

Vecer | 22.10.2025

МИЦКОСКИ СО КРАЛОТ ЧАРЛС III за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во Лондон на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, претпладнево соопшти дека се сретнал со британскиот Крал Чарлс III.

- Во рамките на мојот престој во Лондон остварив средба со Неговото Кралско Величество, Кралот Чарлс III.

Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание.

Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството.

Во рамките на Берлинскиот процес што го организира премиерот Кир Стармер, имам повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото кралство, објваи Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk