logo
logo
logo

Полицијата го бара за пожарот во Кочани, а тој бил амбасадор во Норвешка: “ДОАЃАМ СО ПРВИОТ АВИОН“

Vecer | 12.04.2025

Полицијата го бара за пожарот во Кочани, а тој бил амбасадор во Норвешка: “ДОАЃАМ СО ПРВИОТ АВИОН“

Македонскиот амбасадор во Осло Дритон Куќи се враќа дома со првиот авион откако разбрал дека полицијата го барала дома за настани поврзани со трагедијата во Кочани.

Дритон Куќи трета година е амбасадор на Македонија во Норвешка и Исланд а преходно од 2016 до 2018 беше министер за економија.

,,Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба.

Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки.

Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа, и стоев исправен дури и кога се чувствував сам.

Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред.

Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk