logo
logo
logo

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ ОД 500.000 ЕВРА: Пријави за сопственикот на фирмата и правното лице

Vecer | 25.11.2025

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ ОД 500.000 ЕВРА: Пријави за сопственикот на фирмата и правното лице

Скопската полиција пријави одговорно лице и фирма за даночно затајување и оштетување доверители. Државниот буџет бил оштетен за над 31 милион денари.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(40) од Делчево, сопственик и управител на правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „оштетување или повластување на доверители“ и против правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Првопријавениот М.С. постапил спротивно на Законот за данок на додадена вредност на тој начин што во даночните пријави за контролираниот даночен период, преку правното лице пресметал и искажал помал даночен долг кој произлегол од неевидентиран остварен промет од продажба на основни средства и од продажба на залихи на материјали.

Со наведените дејствија пријавените успеале да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 31.433.522 денари, за кој износ го оштетиле државниот буџет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk