logo
logo
logo

СТРАТЕШКИ ПРОЕКТИ: Македонија гради гасен интерконектор со Грција и почнува изградба кон Србија, во план се и три големи брани

Vecer | 23.01.2026

СТРАТЕШКИ ПРОЕКТИ: Македонија гради гасен интерконектор со Грција и почнува изградба кон Србија, во план се и три големи брани

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас. Гради гасен интерконектор со Грција и почнува со изградба на гасен интерконектор за поврзување со Србија, информирал премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот панел во рамки на светскиот економски форум во Давос.

Мицкоски, како што објави на својот фејсбук профил, зборувал и за изградбата на трите големи брани – стратешки проекти вредни две милијарди евра, кои, според него, освен што ќе овозможат производство на електрична енергија, ќе создадат и три значајни резервоари со чиста вода за пиење.

– На вчерашниот пладневен панел посветен на економија и инвестиции во Давос зборував за стратешките чекори што ги преземаме како држава во однос на вештачката интелигенција, енергетиката и долгорочниот развој на државата. Во однос на вештачката интелигенција, ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија, но не само тоа паралелно ги зајакнуваме и преносните линии за природен гас. Во тој контекст, градиме гасен интерконектор со Грција, а почнуваме и со изградба на гасен интерконектор што ќе ја поврзе државата со Србија. Ова се стратешки проекти од суштинско значење не само за нашата држава, туку и за целиот регион, наведува Мицкоски според кој, со поврзувањето, земјава ќе го зголеми капацитетот за гас до 8 милијарди метри кубни годишно.

Во врска со браните, напоменува дека потребата од обезбедување резерви на чиста вода за пиење ќе биде се поголема.

– Имајќи ги предвид климатските промени, регионот ќе има сè поголема потреба од вакви резерви, кои ќе обезбедат долгорочна водна безбедност и стабилно снабдување со чиста вода, се вели во објавата на Мицкоски на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk