logo
logo
logo

„СВЕСНО НЕ ДАВАМ ИЗЈАВИ ЗА ОБВИНУВАЊАТА КОН МЕНЕ: Обвинителството има одврзани раце - трпам критики и молчам заради истрагата за „Пулс““

Vecer | 12.06.2025

„СВЕСНО НЕ ДАВАМ ИЗЈАВИ ЗА ОБВИНУВАЊАТА КОН МЕНЕ: Обвинителството има одврзани раце - трпам критики и молчам заради истрагата за „Пулс““

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека свесно не дава изјави за обвинувањата кон него за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 лица, а десетици беа повредени.

Тој нагласи дека целосно ја препушта постапката во рацете на Јавното обвинителство.

„Јас сум внимателен кога станува збор за истрагата во Кочани. Обвинителството има одврзани раце да прави буквално сѐ со тој случај. Затоа молчам. Трпам критики и трпам, ама Обвинителството нека си ја заврши работата“, рече Мицкоски за истрагата за пожарот во „Пулс“.

Истрагата за пожарот се ближи кон крајот. Мицкоски порача дека очекува Обвинителството до крај да ја расветли трагедијата, но дека нема да дозволи политизација на случајот додека не заврши постапката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk