logo
logo
logo

Триесетдневен притвор одреден за Фахми Стафа

Vecer | 14.12.2025

Триесетдневен притвор одреден за Фахми Стафа

На поранешниот правобранител Фахми Стафа му е определен притвор во времетраење од 30 дена, поради опасност од бегство и влијание врз сведоци, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

Судот го прифатил предлогот на Обвинителството, откако претходно во неделата, од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека Стафа дека во периодот од октомври до 13 декември 2025 година примил вкупно 50,000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел интервенција кај судија во Апелациониот суд Скопје.

Намерата, според ОЈО ГОКК, била преку поткуп да се влијае врз извршување службено дејствие кое не смеело да биде преземено.

Истрагата утврдила дека Стафа првично побарал 100.000 евра за да обезбеди укинување на мерката притвор определена за лице кое е недостапно за органите на прогонот и против кое ОЈО ГОКК води посебна постапка за кривични дела поврзани со јавните финансии, платниот промет и стопанството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk