logo
logo
logo

61 година од емитувањето на првиот Дневник на МРТ

Vecer | 14.12.2025

61 година од емитувањето на првиот Дневник на МРТ

На денешен ден пред 61 година, од импровизирано студио биле емитувани првите вести на тогашната Радио-телевизија Скопје (РТС или ТВС). Дневникот траел 20 минути.

Уредник бил Димче Божиновски, а спикери Бранка Станковска и Александар Ацев.

Во периодот 1960-1962 година Радио Скопје, што се однесува во програмските зафати, оформило екипа и испратило свои работници на обука во радиотелевизиските центри во Белград и Загреб и интензивно се подготвувало за освојување и на тој сегмент од радиодифузијата.

Во 18:15 часот ТВ Дневник весник во траење од 20 минути, потоа цртан филм и детска емисија, образовна емисија, странски јазици, емисија од културата, ЕПП… Така, пет дена во неделата. Создадени биле доволен број емисии и репортажи за предвидените термини, а детските куклени и образовните емисии се емитувале во живо. Така до 20 часот, а потоа вклучување во заедничката програма на Југословенската радио-телевизија.

Во текот на летото 1964 година се реализирале директни преноси на спортски, фолклорни и забавно-музички приредби од „Средбата на солидарноста“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk