logo
logo
logo

ФИЛИПЧЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ХАРТИЈА, ПРАВИ СЀ ШТО ЌЕ МУ НАРЕДИ ЗАЕВ

Vecer | 04.07.2025

ФИЛИПЧЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ХАРТИЈА, ПРАВИ СЀ ШТО ЌЕ МУ НАРЕДИ ЗАЕВ

Луѓето на Зоран Заев се кандидати на Венко Филипче, истата матрица само различни луѓе, рече денеска Јане Мицевски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите на СДСМ за градоначалници со амин од Филипче, се продолжена рака на Заев, додаде тој.

– Заев сè уште владее во СДСМ, а Филипче е само обична фигура која нема право на глас и прави сè како што Заев ќе му каже. Доказ за тоа е кандидирањето на Мартин Костовски во Куманово, кој важи за близок соработник и функционер на СДСМ со Заев. Човекот кој беше директор на Службен весник, пратеник во Собранието, а сега и организационен секретар на СДСМ, сè е тоа благодарение на тоа што му е послушник на Заев. Како ќе каже Заев, така Костовски прави – рече Мицевски.

Филипче во целата приказна е само претседател на хартија, кој предлог кандидатите за градоначалници мора да ги испорача во знак на благодарност кон Заев, додаде тој.

– Затоа и овие кандидати се луѓе кои се синоним за неспособност и пораз во првиот круг на локалните избори – рече Мицевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk