logo
logo
logo

Се помалку млади се вработуваат во индустријата, НЕИСКОРИСТЕНИТЕ СУБВЕНЦИИ ЌЕ СЕ ПЛАТАТ НА ИНВАЛИДИТЕ

Vecer | 16.09.2025

Се помалку млади се вработуваат во индустријата, НЕИСКОРИСТЕНИТЕ СУБВЕНЦИИ ЌЕ СЕ ПЛАТАТ НА ИНВАЛИДИТЕ

Од околу 5.500 млади работници во производствената, претежно индустриска дејност, кои користеле младински додаток од 3.000 денари месечно, бројот на крајот од минатата година се намалил на помалку од 5.000.

Ова е евидентирано во извештајот на Агенцијата за вработување за 2024 во анализата на мерките за стимулирање на вработеноста, каде што се објавени и податоците за исплатите од државата на сметка на младите работници до 23 години.

Мерката стапи на сила во февруари 2020, пикот го достигна во 2022 кога бројот на корисници достигна околу 5.600-тини. Истата бројка се задржа и на крајот на 2023, за потоа лани да следува голем пад на интересот.

Сумата од 3.000 денари остана непроменета повеќе од пет години иако во меѓувреме имаше огромен раст на цените на производите и услугите. Новата власт во оперативниот план за 2025 ја стави оваа мерка со непроменети услови.

- Младински додаток е месечен додаток кој се исплатува од Буџетот на АВРСМ на трансакциска сметка на младото лице.

Младинскиот додаток изнесува 3.000 денари за полно работно време, на кој се плаќа данок на личен доход и се исплатува еднаш месечно на трансакциската сметка на младото лице најдоцна до 25 во месецот за претходниот месец.

Со Младински додаток заклучно со 31.12.2024 година биле опфатени 4929 млади лица на возраст до 23 години, за кои се исплатени вкупно 116.064.414,00 денари, објави Агенцијата за вработување во извештајот.

Оваа мерка беше замислена како потикнување на вработувањето на младите лица во производството по завршување на средното образование, како и задоволување на потребите на работодавачите за квалификувана работна сила.

Од друга страна салдото на Агенцијата за вработување на крајот на 2024 останало позитивно со непотрошени неверојатни 60 милиони евра, или 3.701.028.265 денари во плус, заедно со непотрошените суми префрлани од минатите години. Дури 10 милиони евра останале непотрошени од редовниот вообичаен план за минатата година.

Владата минатиот месец донесе одлука да се прераспределат околу 5 милиони евра вишок од фондот на Агенцијата за субвенцинирање на вработување на инвалидни лица за други мерки за вработување.

Според извештајот, најголем пораст на интересот кај вработувачите имало за мерката „врабоотување и раст на правни субјекти“ за еднократни грантови до 220.000 денари ако се преземе невработено лице.

Вкупните исплати за оваа мерка за една година се зголемиле од 1,5 на 3 милиони евра Зголемување има и кај исплатите за мерката за „самовработување“ од 11 на речиси 12 милиони евра. Кај останатите стимулации речиси нема никакви поместувања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk