logo
logo
logo

Мицкоски: НЕМА ДОГОВОР СО ВЛЕН за наследникот на Филипче да го замени Меџити во Владата

Vecer | 07.11.2025

Мицкоски: НЕМА ДОГОВОР СО ВЛЕН за наследникот на Филипче да го замени Меџити во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека лично го познава Беким Сали, но дека нема никаков договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВРЕДИ за кадровски промени во Владата.

„Јас кажав дека го познавам Беким Сали и дека имам мислење како личност. За структурни промени во Владата не сме збореле. Подготвен сум да зборувам. Но дека имаат нешто договорено со ВМРО-ДПМНЕ – нема такво нешто,“ изјави Мицкоски. 

Изјавата на премиерот следи откако на прес-конференција портпаролот на коалицијата „ВРЕДИ“, Дритон Сулејмани, потврди дека Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер, откако Меџити реши да ја преземе градоначалничката функција во Чаир.

Сали беше министер за здравство од 2022 до 2023 година, кога на таа позиција го наследи Венко Филипче. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk