logo
logo
logo

Институтот во Нови Сад му оддава почест на Македонецот кој загина во падот на настрешницата

АМФИТЕАТАР ЌЕ ГО НОСИ ИМЕТО НА ВАСКО САЗДОВСКИ

Vecer | 05.02.2026

АМФИТЕАТАР ЌЕ ГО НОСИ ИМЕТО НА ВАСКО САЗДОВСКИ

Институтот „Биосенс“ во Нови Сад утре ќе отвори амфитеатар што ќе го носи името на Васко Саздовски, македонскиот граѓанин кој загина при падот на бетонската настрешница на зградата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година.

Саздовски докторирал на Универзитетот Кренфилд во Велика Британија и, во кариера долга повеќе од 20 години, се занимавал со роботика и автономни системи во институции во Северна Македонија, Германија и Хрватска, а потоа и во Институтот „Биосенс“, се наведува во соопштението на Институтот.

Покрај неговите исклучителни професионални достигнувања, Саздовски беше познат по својата љубезност, дарежливост и посветеност кон своите студенти и колеги, а со именувањето на амфитеатарот по Саздовски, колективот на Институтот „Биосенс“ го негува споменот на исклучителна личност, колега и соработник и ги зачувува вредностите на кои тој бил посветен – посветеност, знаење и човечност.

Саздовски (1979–2024) беше вработен во Институтот Биосенс, во Центарот за сензорски технологии, како виш истражувач во рамките на проектот ANTARES.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk