logo
logo
logo

Милатовиќ во официјална посета на Скопје: Пречекан со највисоки државни почести од Сиљановска-Давкова

Vecer | 31.03.2026

Милатовиќ во официјална посета на Скопје: Пречекан со највисоки државни почести од Сиљановска-Давкова

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска беше пречекан со највисоки државни и воени почести во Вила „Водно“ во Скопје од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Како што информираат од кабинетот на претседателката, по официјалниот пречек следуваат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Во рамките на официјалната посета ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.

Утре, Милатовиќ ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а заедно со Сиљановска-Давкова ќе одржат и предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk