logo
logo
logo

Tошковски и Ливаниос во Преспес: за повторно отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос

Vecer | 05.06.2025

Tошковски и Ливаниос во Преспес: за повторно отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос

Македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и грчкиот министер за внатрешни работи Тодорос Ливаниос денеска во Преспес, Грција, ќе го одбележат почнувањето на работите финансирани од ЕУ во Грција, за повторно отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос.

Како што е познато, градежните работи на македонска страна за изградба на нова царинска зграда на граничниот премин Маркова Нога почнаа пролетоска и се очекува да завршат во 2026 година, за што од програмата ЕУ за Преспа издвоени се два милиони евра.

Работите финансирани од ЕУ во Грција ќе се одвиваат преку проектот БорПрес2 за прекугранична соработка од стратешко значење за да се опфати изградба на нова царинска и полициска контролна зграда во Лемос, Грција, како и реновирање на постојната полициска станица во Маркова Нога. За оваа намена се издвоени 7,7 милиони евра во рамките на програмата ИНТЕРРЕГ финансирана од ЕУ за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, а временскиот рок за работите е 36 месеци.

Двојното финансирање од ЕУ за граничниот премин Маркова Нога – Лемос има цел да го стимулира економскиот развој на регионот Преспа/Преспес.

На настанот во Лемос ќе присуствува и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk