logo
logo
logo

Ѓорѓиевски: Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа – Скопје се движи безбедно и во зима

Vecer | 21.01.2026

Ѓорѓиевски: Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа – Скопје се движи безбедно и во зима

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека снегот не е изненадување во зима, а подготвеноста е нивна обврска.

– Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот. Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки. Безбедноста на граѓаните е наш приоритет, вели Ѓорѓиевски.

Тој апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја прилагодат брзината и начинот на возење на зимските услови.

‒ Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа – Скопје се движи безбедно и во зима, истакнува Ѓорѓиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk