logo
logo
logo

Николоски: Директна линија со Саудиска Арабија и обнова на охридскиот аеродром

Vecer | 26.02.2026

Николоски: Директна линија со Саудиска Арабија и обнова на охридскиот аеродром

Следната недела започнува реконструкција на аеродромот Свети Апостол Павле во Охрид, прва од неговата изградба, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Според Николоски, преземени се активности и аеродромот е легализран, што, истакнува, беше тежок процес.

‒ Реконструкцијата ќе биде прва од тој тип од неговото градење.  До скоро беше нелегален објект, го имавме пред нас, но на хартија го немаше. Успеваме да го легализираме, што е срамно за државата еден од двата аеродроми да го немаш на хартија. Тоа беше тежок процес затоа што треба да впишете цела инфраструктура. Но тоа е завршено и следно е реконструкцијата што ќе донесе повеќе летови  и патници и очекувам туристичкиот дел да се насочи таму, а бизнис делот да доаѓа во Скопје, истакна синоќа вицепремиерот Николоски во поткастот на ТВ Сител.

Николоски потсетува дека се работи на договор во авиосообраќајот со Саудиска Арабија и оти очекува да се воспостави директна линија меѓу двете земји.

– Веќе поминавме протокол за договор со Саудиска Арабија, очекуваме во следните месец дена да го преговараме, да го потпишеме и да имaме директен лет од Саудиска Арабија до Скопје од еден од тамошните аеродорми, рече Николоски, оценувајќи дека авиосообраќајот се развива значително во изминатата година и половина и оти се воспоставени 23 нови дестинации од домашните аеродроми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk