logo
logo
logo

АЛКОХОЛ И ВОЛАН НЕ ОДАТ ЗАЕДНО: РСБСП повика на одговорно однесување во празничните денови

Vecer | 13.02.2026

АЛКОХОЛ И ВОЛАН НЕ ОДАТ ЗАЕДНО: РСБСП повика на одговорно однесување во празничните денови

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) утрово упатија апел до сите учесници за внимателно, совесно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на виното и љубовта, 14 февруари – Свети Трифун и Ден на вљубените.

Празниците се време за радост, блискост и споделени мигови со саканите. Но, вистинското прославување е она по што сите безбедно се враќаме дома. Затоа, не дозволувајте момент на невнимание да ја засени убавината на празникот, посочија од РСБСП.

Од РСБСП порачаа доколку се консумира алкохол – да не се седнува зад волан. Наместо тоа, да се избере јавен превоз, такси или возач кој не консумирал алкохол.

Возете внимателно, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, грижете се за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Сакајте и почитувајте го својот и животот на другите – затоа што секој живот е важен, нагласија од РСБСП.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk