logo
logo
logo

АРСОВСКИ ОСТРО ГИ ДЕМАНТИРА ОБВИНУВАЊАТА НА СДСМ: Немам никаква врска со никаков тендер

Vecer | 30.11.2025

АРСОВСКИ ОСТРО ГИ ДЕМАНТИРА ОБВИНУВАЊАТА НА СДСМ: Немам никаква врска со никаков тендер

Димче Арсовски, член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, остро ги демантира наводите дека бил во некаква поврзаност со лицето Кристијан Арсовски, за кое СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека било вмешано во спорен милионски тендер преку фирмата „Дигитал оне“, која наводно има само двајца вработени.

Димче Арсовски ги нарече лаги обвинувањата на СДСМ.

„Денеска СДСМ повторно покажа и докажа дека влијанието од заевизмот и многуте лиценци поделени за одгледување марихуана, сè уште владеат во СДСМ.

Некое момче во залез на кариера после сериозен пораз на избори, нарекувајќи се втор човек во партијата, јавно се обидел да ме поврзе со некаков си тендер од неколку милиони евра, само и само затоа што сопственикот носел исто презиме како моето.

За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту знам како изгледа, ниту ми е роднина по било која основа. Единствено што е исто е презимето. Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk