Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Горан Ангеловски, при предавањето на опрема од РСБСП на МВР, порачаа дека сигурноста во сообраќајот е нивен значаен приорите,
Министерот Тошковски нагласи: “Со денешниот настан ја истакнуваме нашата досегашна успешна соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, партнерство кое континуирано придонесува за подигање на нивото на сообраќајна безбедност.” Тој додаде дека ваквиот пристап е доказ дека единството и координацијата помеѓу институциите носат конкретни резултати за граѓаните, во овој случај за унапредување на безбедноста на патиштата.
Претседателот Ангеловски изјави дека во рамките на стандардните активности за модернизација, со цел зголемување на сигурноста во сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет и оваа година одвојува дел од средствата за опремување на организациските единици на МВР задолжени за контрола на сообраќајот.
„Опремата се состои од 23 мотоцикли во полициска изведба со комплетна мотоциклистичка опрема – одела, чизми, ракавици и кацига, во вкупна вредност од 11,950.027 денари со што значително се зајакнуваат капацитетите за регулирање и безбедност во сообраќајот. Овој пример уште еднаш ја докажува вредноста на меѓуинституционалната соработка”, рече Ангеловски.

Ова е уште една потврда за успешната соработка помеѓу МВР и РСБСП, партнерство кое директно придонесува за зголемување на безбедноста на патиштата. Верувам дека само преку заедништво и координација можеме да обезбедиме подобри услови за работа на полициските службеници и поголема сигурност за сите учесници во сообраќајот.
Продолжуваме и понатаму со истата посветеност, безбедноста во сообраќајот останува наш врвен приоритет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата