logo
logo
logo

БУЈАР ОСМАНИ ПРИЗНА ПОРАЗ ВО ЧАИР. Сега не зборува за победа, туку за спас на ДУИ со влез во владата

Vecer | 21.09.2025

БУЈАР ОСМАНИ ПРИЗНА ПОРАЗ ВО ЧАИР. Сега не зборува за победа, туку за спас на ДУИ со влез во владата

Бујар Османи, сега веќе и самиот, процени дека ќе загуби во битката за градоначалник на Чаир. Во својтата кампања нема ентузијазам на победник и посегнува по спинови, измами дека по изборите ДУИ ќе влезе во влада па, затоа, некој би требало да гласа за него бидејќи е јасно дека со поддршката на владата општината Чаир има повеќе шанса за реализација на проекти а, во таков случај, проектантот за Чаир би бил - Османи.

Но, за да влезе ДУИ во влада се прашува доминантната владеачка партија ВМРО ДПМНЕ а оттаку, прилично директно, му порачуваат на Омснаи, на ДУИ и на гласачите дека - Бујар осмни лаже, немa ни таков план, ни такви разговори и нема ни причини таква можност. 

„Повод за оваа реакција е синоќешното излагање на Бујар Османи во Чаир, во кое тој изнесе измислици за наводни емисари од ВМРО-ДПМНЕ и сценарија што постојат само во неговата фантазија. Со вакви изјави, Османи се обидува да ја прикрие паниката во која се наоѓаат ДУИ и СДСМ пред сигурниот изборен пораз. Ситните трикови на грофот од Зајас не минуваат ниту во детска градинка“, соопшти партијата.

ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно порачува: единствените „емисари“ што ги праќаме се оние кои ја носат пораката на народот, а тоа е одговорност за криминалниот картел ДУИ-СДСМ, се додава во соопштението.

Одговорност за Али, Заев, Филипче, Груби и Османи. Токму на локалните избори овие две структури конечно и формално ќе завршат таму каде што одамна им е местото, на буништето на историјата. Бујар Османи денес е ништо друго освен последниот портпарол на криминалниот картел кој граѓаните го препознаа. Но, неговата одбрана е залудна. Нема повеќе политичко мешетарење, нема пазари зад грбот на народот. Во октомври ќе има јасна пресуда, пресуда на граѓаните кои ќе ги испратат картелот на СДСМ и ДУИ во политичка пензија, а правдата ќе биде задоволена. Зошто таа има име и презиме, а одговорноста мора да се испорача“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи  рече дека изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и неговите коалициски партнери дека ќе нема предвремени парламентарни избори знак на страв од сознанието дека се соочуваат со изборен пораз.

– Она што најмногу ми пречи е што премиерот продолжува со двојни пораки. Едни пред јавноста, други – испратени преку емисари. И тоа со пораки до нас, дека треба да се подготвиме за реконструкција на владата по изборите. Му порачуваме, и преку емисари, и јавно, дека Албанците не се монета за поткупување. Премиерот полека ја поминува црвената линија.Не знам дали е свесен кој нерв го допира кај Албанците, но јасно е дека допре до сржта на револтот и достоинството на луѓето – рече Османи.

Веднаш по овие избори, победниците кај Албанците ќе седнат и ќе преговараат за заедничко владеење, со цел да се откочат европските процеси и да се врати животот и економскиот просперитет, додаде Османи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk