logo
logo
logo

Мицкоски повика на масовна поддршка во вториот круг

НАТАЛИЈА ДИМИТРИЕВА ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ЗА ДЕМИР КАПИЈА

Vecer | 25.10.2025

НАТАЛИЈА ДИМИТРИЕВА ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ЗА ДЕМИР КАПИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и кандидатката за градоначалник на Демир Капија, Наталија Димитриева, се обратија на предизборен митинг во рамките на кампањата за вториот круг од локалните избори, што ќе се одржат на 2 ноември под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.

Мицкоски изрази уверување дека со поддршката на граѓаните, Димитриева ќе оствари убедлива победа и Демир Капија ќе добие жена за градоначалник која ќе донесе напредок, развој и нови проекти. Тој нагласи дека првиот круг ги покажал јасно определените очекувања на граѓаните и ги повика сите да излезат масовно на гласање и да го заокружат бројот 9.

„Изминатите 16 месеци како Влада вложивме максимум за реформи и нови проекти, по години на застој и понижување. Затоа, на 2 ноември да излеземе и да ја поддржиме Наталија — симбол на новата енергија и силата на промените“, истакна Мицкоски.

Во своето обраќање, Димитриева порача дека „време е за промени“ и дека по осум години стагнација, Демир Капија заслужува подобри услови за живот. Таа најави приоритетни проекти за подобрување на водоводот и канализацијата во неколку села, како и санација и асфалтирање на локални улици.

Димитриева се заблагодари на Владата за издвоените над 35 милиони денари за реализација на повеќе општински проекти – доизградба на училишна кујна, улично осветлување, канализациска мрежа и фудбалско игралиште – и ги повика граѓаните на 2 ноември да го направат „вистинскиот избор“ за достоинствена и развиена Демир Капија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk