logo
logo
logo

Николоски: Ќе има одговорност за секој криминал и корупција направени во Општина Демир Капија

Vecer | 01.10.2025

Николоски: Ќе има одговорност за секој криминал и корупција направени во Општина Демир Капија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен вицепремиер и министер, Александар Николоски од митингот во Демир Капија истакна дека по промените на централно ниво, време е за промени и на локално ниво во Демир Капија.

-Демир Капија можеби е мала како општина, но во делот на СДСМ многу бандити кои ја злоупотребуваат функцијата и мислам дека основната причина зошто тука грчевито се бори оној кој си заминува од градоначалник, е токму за да ги заштити работите кои ги правел во делот на злоупотреби. Во министерството кое го водам веќе има бројни претставки од граѓани, но и од институции и мислам дека е свесен дека по заминувањето работата ќе му биде испитана и ќе се одговара за секој криминал и корупција направени во Општината, изјави Николоски пред насобраните граѓани.

Тој посочи дека Демир Капија е општина со голем потенцијал, за економски развој.

-Навистина треба да е загрижен за ова што го правел, дали е во дел на одредени винарии, рибници или во дел на други проекти кои ги спровел тука, а никој не може да ги види. Затоа прво победа на 19 октомври тука, а потоа одговорност, додаде Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk