logo
logo
logo

„Работиме на заеднички проекти, инвестиции, сајбер безбедност и инфраструктура“

Vecer | 10.07.2025

„Работиме на заеднички проекти, инвестиции, сајбер безбедност и инфраструктура“

Константната поддршка од Соединетите Американски Држави се чувствува и во доменот на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста.

„Со Амбасадорката Агелер имавме одлична дискусија во врска со новите проекти на Министерството, но и Дигиталниот самит кој ќе се одржи во октомври во Скопје, а кој ќе биде наменет за земјите на Западен Балкан. Ова е едно големо искуство за нас и крупен чекор во позиционирањето на Македонија на мапата на дигитално развиените држави.

Нашите односи се на исклучително високо партнерско ниво. Работиме на заеднички проекти, инвестиции, сајбер безбедност и инфраструктура.“, објави министерот Стефан Андоновски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk