Чесниот крст денес, за Водици, беше положен во реката Црн Дрим во Струга. Најсреќен меѓу оние кои се фрлија по крстот беше 24-годишниот Петар Чокаревски.
Претходно се оддржа свечена литургија. По фаќањето на крстот, верниците го бакнуваат, си посакуваат здраве и мир за сите.

На овој прекрасен празничен настан во Струга присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

По завршување на церемонијата, верниците полнат вода од реката бидејќи по фрлањето на крстот, се смета за осветена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата