logo
logo
logo

Во понеделник ќе се гласа за НОВИТЕ МИНИСТРИ

Vecer | 05.06.2025

Во понеделник ќе се гласа за НОВИТЕ МИНИСТРИ

Предлозите на Владата за нов министер за здравство и нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во понеделник ќе се најдат пред пратениците.

Собранието 54-та седница во овој состав ја закажа за понеделник во 11 часот, а пратениците ќе расправаат за предложените имиња на овие функции.

Азир Алиу е предложен за министер за здравство, а за заменик-министерската позиција во земјоделство предложен е Албрим Хоџа.

Азир Алиу е поранешниот министер за информатичко општество и администрација и е дел од Алијансата за Албанците која останува во коалицијата „ВРЕДИ“, по оставката од 15 мај годинава на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk