logo
logo
logo

ЃОРЃИЕВСКИ ГИ ПОВИКУВА СКОПЈАНИ НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“: Заедно да го осветлиме градот

Vecer | 15.12.2025

ЃОРЃИЕВСКИ ГИ ПОВИКУВА СКОПЈАНИ НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“: Заедно да го осветлиме градот

Посебна атмосфера, богата програма со забава, музика, многу подароци и изненадувања за сите генерации, најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој ги повикува скопјани, попладне во 18 часот, на плоштадот „Македонија“ заедно да присуствуваат на осветлување на градот по повод новогодишните и божиќните празници.

Како што истакнува Ѓорѓиевски, годинава празничниот дух повторно се враќа на плоштадот „Македонија“.

Нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. А сите ние – и младите и возрасните ја заслужуваме таа топлина што ја носат Новогодишните и Божиќните празници. Затоа, со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите. Во 18 часот, на плоштадот „Македонија“, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух, напиша градоначалникот на својот фејсбук профил.

Според него, од утре до 31 декември секој ден ќе има настани и забави за сите генерации, а дочекот на Новата година ќе биде спектакуларен и незаборавен.

Ѓорѓиевски претпладнево на прес-конференција ќе информира за новогодишното украсување и новогодишната програма и настаните на Град Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk