logo
logo
logo

Првата јавна институција со веб-страница достапна за лицата со попреченост

Инспиративен пример на Министерството за социјална политика, демографија и млади

Vecer | 09.06.2025

Инспиративен пример на Министерството за социјална политика, демографија и млади

Министерството за социјална политика, демографија и млади стана првата јавна институција која има целосно пристапна веб-страница за лицата со попреченост, во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1.

Ова претставува  историски чекор кон дигиталната инклузија и еднаквост. Со поддршка на тимот од AccessWay, овозможивме веб- страницата на министерството да стане  достапна за сите корисници, вклучително и за лицата со визуелна, моторна или когнитивна попреченост.

Ова исклучително достигнување испраќа силна порака – Инклузијата започнува од пристапот!

Министерството ги повикува сите јавни институции да го следат овој инспиративен пример.

Заедно можеме да изградиме општество и иднина што ќе биде поправична, поеднаква и поинклузивна за сите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk