logo
logo
logo

Во Струмичко НАДОЈДЕНАТА РЕКА ОДНЕСЕ 120 ЈАГНИЊА И 100 ОВЦИ

Vecer | 27.01.2026

Во Струмичко НАДОЈДЕНАТА РЕКА ОДНЕСЕ 120 ЈАГНИЊА И 100 ОВЦИ

Надојдената вода од реката Тркања вчера попладне однесе 120 јагниња и 100 овци од шталата на Никола Колев во селото Костурино, лоцирана на местото „Шепово“.

Според сопственикот, сѐ се случило за помалку од 10 минути, а надојдената вода влечела сѐ пред себе.

– Од брзата и надојдена вода, која достигна над два метра, не успеавме да ја отвориме шталата и да ги извадиме јагнињата и овците. Штетата е голема. Во еден момент постоеше опасност и нас да нѐ повлече водата, мене и брат ми Никола, но успеавме да се спасиме – раскажува Зоран Колев.

Тој денеска ја пријавил штетата во Општина Струмица, а загинувањето на јагнињата и овците го пријавил и кај другите надлежни служби, кои треба да излезат на терен и да ја утврдат висината на штетата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk