logo
logo
logo

Петтиот Конгрес ќе го одржи на 20 декември

Ќе даде ли Али оставка? ДУИ ЌЕ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ

Vecer | 27.11.2025

Ќе даде ли Али оставка? ДУИ ЌЕ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ

Демократската унија за интеграција на 20 декември ќе го одржи петтиот конгрес, кој, како што соопштија од партијата, ќе биде значаен момент за нејзино дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.

Генералниот Совет на ДУИ денеска одржа седница на која, како што се посочува во соопштението од партијата, се водела широка расправа за актуелните политички случувања во земјата и динамиките поврзани со реформските процеси и предизвиците со кои се соочува државата во овој период.

– Членовите на Советот ги анализираа стратешките насоки на внатрешната и надворешната политика, повторно потврдувајќи ја улогата на ДУИ како фактор на стабилност и како клучен партнер во евроатлантските процеси. Централниот дел од седницата беше посветен на подготовките за Петтиот Конгрес на Демократската Унија за Интеграција, значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец на партијата. Беше оценето дека Конгресот претставува клучен процес за политичката визија, зајакнувањето на внатрепартиските демократски механизми и подготовката на структурите за новите предизвици, наведуваат од ДУИ.

Во наредниот период, како што се најавува, ДУИ ќе ги интензивира организациските активности на сите нивоа, со цел конгресот да се одржи со целосна транспарентност, ефикасност и вклученост на сите делегати и партиски форуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk