logo
logo
logo

КОГА ПАРИТЕ НЕ СЕ КРАДАТ, ИМА ПАРИ: Наплатени рекордни 15 милиони евра за експлоатација на рудниците

Vecer | 25.11.2025

КОГА ПАРИТЕ НЕ СЕ КРАДАТ, ИМА ПАРИ: Наплатени рекордни 15 милиони евра за експлоатација на рудниците

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во третиот квартал од 2025 година достигна рекордни 384.166.062 денари или 6,2 милиони евра.

- Ова претставува зголемување за повеќе од два и пол пати во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 147.703.963 денари денари.

Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, кога беа наплатени 260.327.223,00 денари, во споредба со 110.576.324 денари во првиот квартал од 2024 година и вториот квартал од 2025 година наплатени беа 286.355.517 денари, а истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 133.576.534 денари.

Збирно, за деветте месеци од 2025 година, Министерството оствари наплата од над 931.000.000 денари (15 милиони евра), што е историски успех во управувањето со природните ресурси и претставува зголемување за два и пол пати во однос на истиот период во 2024 година - се посочува во соопштението кое Министерството го испрати до медиумите.

Од таму додаваат дека очекуваат оваа бројка да расте со оглед на фактот дека се испратени опомени до концесионерите што се ште не ја регулирале обврската да го сторат тоа во рокот во спротивно ризикуваат со раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите.

- Владата на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во изминатиот период има донесено вкупно 46 одлуки за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина а дел од нив се поради неплаќање на концесискиот надоместок согласно утврдениот Тарифник.

Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи: засилени инспекциски контроли, редовни и вонредни теренски проверки за обезбедување усогласеност со законските обврски, писмени опомени и санкции. Испратени се предупредувања до концесионерите за навремено подмирување на обврските, со едностран раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите - се појаснува во објавата.

Воедно од таму потсетуваат одека од 1 јануари 2025 е воведен нов Тарифник кој ја зголеми висината на надоместоците до 100 отсто, обезбедувајќи правична вредност за користење на природните ресурси.

- Овие измени не се однесуваат на енергетските минерални суровини, како јагленот, со цел да се заштитат граѓаните од дополнителен притисок врз цените на електричната енергија. Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет. Овие средства се инвестираат во: поголеми буџети за општините, инвестиции во комунална инфраструктура, проекти за енергетска транзиција и одржлив развој, проекти за заштита на животната средина - се прецизира во соопштението.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, се нагласвуа во објавата. Од Министерството за крај посочуваат дека овие резултати се доказ за определбата да ги зајакнат економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk