logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА ИМА УНИКАТНА ПОЛОЖБА НА ВКРСТУВАЊЕ НА ДВА КОРИДОРА, ЕУ е заинтересирана за нивна изградба

Vecer | 26.04.2026

МАКЕДОНИЈА ИМА УНИКАТНА ПОЛОЖБА НА ВКРСТУВАЊЕ НА ДВА КОРИДОРА, ЕУ е заинтересирана за нивна изградба

Од Европската Унија многу се заинтересирани за Коридор 8. Го прогласија за втор најзначен безбедносен коридор во НАТО Алијансата, затоа што почнува во Италија преку Драч, Тирана, Охридското Езеро, Скопје, Деве Баир, Софија, Бургас и Врана и завршува во Одеса, и е многу значаен во овие глобални случувања, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски посочува дека од ЕУ се заинтересирани и за Коридор 10, најдолгиот и највитален коридор, кој почнува во пристаништето Пиреја и завршува во Хелсинки. Така што многу се заинтересирани за двата коридора.

– Ние имаме среќа што двата паневропски коридори се сечат источно од Скопје, а третиот европски Коридор 4 поминува паралелно со нас во Бугарија, така што имаме уникатна положба и се обидуваме да ја искористиме. Оваа географска позиција сакаме да ја искористиме и да донесе економски бенефит за граѓаните и подобар живот на граѓаните вели Николоски во разговор во поткаст на порталот Курир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk