logo
logo
logo

Јаневска: НАДМИНАТИ ОЧЕКУВАЊАТА за дуално образование

Vecer | 27.04.2026

Јаневска: НАДМИНАТИ ОЧЕКУВАЊАТА за дуално образование

Министерството за образование и наука бележи одличен напредок во реформите на средното стручно образование, каде бројката од 800 компании вклучени во дуалниот систем веќе ја надмина предвидената цел за 2026 година. Министерката Весна Јаневска истакна дека овој модел е клучен за создавање кадар подготвен за пазарот на труд, што потврдува и фактот дека дури 66 отсто од средношколците се запишани во стручните училишта. Како следен чекор, реформата ќе се прошири и во високото образование преку нови законски измени кои ќе овозможат практична настава под менторство на стручњаци од реалниот сектор.

„Веќе сега таа бројка е надмината и над 800 компании се вклучени во стекнување практично знаење на учениците директно кај работодавач. И оваа бројка дополнително ќе расте затоа што компаниите го гледаат бенефитот“, рече министерката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk