Премиерот Христијан Мицкоски смета дека доколку тоа го дозволуваат Уставот и законите, нема против да се ограничи можноста пратениците да поседуваат двојно државјанство, како и да се прошири ограничувањето и на извршната власт и на претседателот на државата. Вели дека нема и не планира да има друго државјанство, освен македонското, и оти вакво органичување не го засега на ниеден начин.
- Ако правните експерти, правно-уставните експерти, велат дека нема никаков проблем, тогаш апсолутно поддржувам. Јас немам двојно државјанство ниту, пак, имам намера да имам двојно државјанство. Моето државјанство е македонско и да, нека се прошири ако тоа го дозволуваат законот и Уставот, јас немам ништо против, рече Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата