logo
logo
logo

Сали на Skopje Security Forum: СТАБИЛЕН ЗАПАДЕН БАЛКАН ЗНАЧИ ПОСИЛНА ЕВРОПА

Vecer | 15.06.2026

Сали на Skopje Security Forum: СТАБИЛЕН ЗАПАДЕН БАЛКАН ЗНАЧИ ПОСИЛНА ЕВРОПА

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес учествуваше на отворањето на Skopje Security Forum 2026, на тема „Architects of Stability: The Security Identity of the Western Balkans“, организиран од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот во Тетово.

Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека безбедноста и стабилноста на регионот не се даденост, туку бараат континуирани инвестиции во демократски институции, владеење на правото, економски развој и регионална соработка.

Тој нагласи дека европската интеграција останува стратешка определба на Република Северна Македонија и една од најсилните гаранции за долгорочна стабилност, безбедност и просперитет.

„Стабилен и безбеден Западен Балкан директно придонесува за посилна и пообединета Европа. Денешните предизвици – од хибридни закани и дезинформации до енергетска безбедност и технолошка трансформација – бараат заеднички одговори и подлабока регионална соработка“, истакна Сали.

Во рамки на Форумот се дискутираше за безбедносниот идентитет на Западен Балкан, геополитичките предизвици, влијанието на големите сили, хибридните закани, институционалната отпорност и улогата на регионот во европската безбедносна архитектура.

Министерот Сали упати благодарност до организаторите и учесниците, нагласувајќи дека дијалогот, партнерството и размената на експертиза остануваат клучни фактори за изградба на побезбедна и постабилна иднина за регионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk