logo
logo
logo

Од следната недела ЗНАЧИТЕЛНО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ, очекува Мицкоски

Vecer | 15.06.2026

Од следната недела ЗНАЧИТЕЛНО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ, очекува Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти по постигнатиот договор меѓу САД и Иран и падот на цените на нафтата на светските берзи, очекува во моментот цените на бензините да се движат во рамките на половина денар или исти за дизел-горивата и од еден и пол до два денари зголемување кај бензините, при што тука треба да се има предвид дека сегашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика се базира на движењата од минатата недела, а веќе следната недела очекува значајно намалување.

- Цените на нафтените деривати почнаа од денеска да се намалуваат, а одлуката што би требало да ја донесе РКЕ се однесува за минатата седмица. Според нашите калкулации, бидејќи престанува да важи кризната состојба, бидејќи договорот е постигнат, очекувам цените да се движат во рамките на половина денар и исти да останат кога станува збор за дизел-горивата и од еден и пол до два денари зголемување кај бензините. А, следната недела очекувам значајно намалување бидејќи од денеска цените на берзите за нафтата и нафтените деривати драматично паднаа. Ги следев патувајќи кон Битола, се движат некаде околу 82,83 долари за барел, така што следната недела очекувам поголемо и позначително намалување, истакна Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk