Припадници на МВР се во активна потера по непознатиот напаѓач кој среде бел ден се обидел да запали возила на Бугарската амбасада во центарот на Скопје.
Имено, младиот човек, според информации на Вечер.мк, го полил и запалил едното возило Сузуки Витара, а пожарот го зафатил и соседното возило, по што се дал во бегство.

Силни полициски екипи го обезбедуваат просторот околу Бугарската амбасада во центарот на Скопје, додека другите полициски единици и безбедносни органи се во потера по пироманот.
Ваквите настани не и се потребни на Македонија и на македонската држава.
Фото: Вечер.мк
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата