Силата на жената е огромна и посакувам чествувањето и почитта да бидат составен и природен дел на нашето секојдневием затоа што таа е тука кога се раѓа нов живот, кога се развива, воспитува, гради во здрав поединец, во творец и вреден придонесител за семејството, за општеството, таа е главната компонента која го облагородува секој миг и секое општествено делување, се вели во честитката од претседателот на Собранието Талат Џафери по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.
На Меѓународниот ден на жената, Џафери потсетува дека родовата еднаквост значи и одржлива иднина.
Џафери посакува жените секогаш да бидат среќни во личниот живот, исполнети во професионалниот живот и задоволни со постигнувањата, но, секогаш да имаат волја и енергија за постигнување на понатамошни успеси, затоа што тогаш, како што додава, нивниот придонес ќе биде уште поголем во градењето на здрави семејства и општества.
-Дозволете во мое лично име и од име на Собранието да го честитам Меѓународниот ден на жената – 8 Март, денот кога изразуваме чест и почит кон силата на жената, кон нејзината улога во семејството, во општеството и во светот, меѓутоа над сѐ кон неа како суштински и нераскинлив дел во нашето битисување како човечки род. „Книга, молив, жена и дете може да го сменат светот," вели Малала Јусуфзаи. И јас сум уверен дека денешнината ќе изгледаше многу поинаку водена од жените. Нека е честит Меѓународниот ден на жената, се вели во честитката на Џафери.© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата